МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Кавадарчани со победа ке бидат многу близу до ракометна Европа

И ракометното првенство влегува во интересна завршница. Во пресрет на последните 3 кола Вардар влегува од лидерската позиција со бод повеке од Еурофарм Пелистер. Бутел ако не се случи нешто непланирано ке заврши како трет а за позицијата број 4 ке се борат Еурофарм Пелистер 2 и ГРК Тиквеш кој има два бода помалку од младите битолчани. Во ова 8 коло утре од 20 часот ГРК Тиквеш во салата Јасмиин ке го пречека Бутел и со победа најверојатно ке го прескокне ЕП 2 кој во ова коло во недела ке му гостува на Вардар кој не смее да киксне доколку ја сака шампионската титула. Еурофарм Пелистер во ова коло утре му гостува на Охрид.Во плеј оф групата кај прволигашите викендов ке се одигра 7 коло. Денеска играат Јехона – Алкалоид а утре своите средби ке ги одиграат Драчево – Аеродром, Работнички – Куманово и Младост – Јуниор КВ. Во недела од 18 часот екипата на Вардар во Неготино ке го пречека тимот на Голден Арт.

М.В.