МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

ФК„РОСОМАН-83 - „СЛОГА“ 2-1

На своето деби во второлигашка конкуренција фудбалерите на „Росоман“ не разочараа. Го надиграа противникот и со добра тактичко техничка поставеност на екипата заслужено славеа победа против екипата на „Слога„ од Виница со резултат 2-1. Буквално од првата минута росоманчани се втурнаа кон голот нна противникот и со висок пресинг не му дозволија ниту да се адаптира па со два брзи гола на Антонио Јанев и Благој Темков лесно дојдоа до предност која на крај ке се востанови и како пресудна за конечниот исход. „Росоман“ продолжи со атаците но неуспеа да реализира ниедна од многуте создадени шанси а гостите од Виница само успеаја да постигнат почесен гол недоволен за изненадување. Во следното коло во недела на 30 август екипата на „Росоман“ ке и гостува на прилепска „Победа“ која во првото коло го декласираше „Кит-Го“ со 4-1.

м.в.

https://www.facebook.com/tome.arsov/videos/3752261914787905

преземено од ФВ профил на :Tome Galacticos Arsov