ВО ЕДЕН ОД ПОСЛЕДНИТЕ ТЕСТОВИ ОРЕД СТАРТОТ НА РАКОМЕТНАТА СУПЕРЛИГА ТИКВЕШ ГО СОВЛАДА КЛ7 СО 31-26

Екипата на ГРК „Тиквеш“ во целост му се реваншираше на КЛ7 за поразот на претходниот пријателски натпревар.Во еден од последните контролни натпревари пред стартот на ракометната суперлига, во Кавадарци во вториот меѓусебен дуел, Кавадарчани уште на полувреме обезбедија доволна залиха од пет голови, 16-11, а во вториот дел рутински ја задржаа предноста и го завршија натпреварот со конечни 31-26. Првото коло од Суперлигата ќе се одигра на 11 септември, а сите дуели од регуларниот дел од сезоната се очекува да заврши до 26 октомври.Во првото коло на 11 септември ГРК „Тиквеш“ ке гостува во Богданци на екипата на Младост.Протоколот е комплетно дефиниран.Средбите ке се играат во петок и во понеделник. Секоја среда мобилни екипи од болницата „8 Септември“ ќе се тестираат клубовите и официјалните лица од другите градови, додека во четврток ќе се тестираат екипите и службените лица од Скопје. Трошоците за тестирањата како и котизацијата во целост годинава ги покрива РФМ.

м.в.