МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

ИСКУСНИОТ СРБИН КАРИЕРАТА КЕ ЈА ПРОДОЛЖИ ВО ФРАНЦУСКИОТ ТРЕТОЛИГАШ ПОИТИЕ

Екипата на ГРК Тиквеш од Кавадарци и следната сезона ке игра во ракометната елита откако одигра одличен плеј-аут, и веке отсега ке мора да се размислува за промени во играчкиот кадар. Дотолку повеке што според пишувањата на поедини медиуми кавадарчани останаа без искусниот српски среден бек Душан Медиќ кој по само една сезона се раздели со кавадарчани и својата кариера ќе ја продолжи во Франција. 29-годишниот ракометар беше еден од столбовите на одбраната на ГРК Тиквеш во минатата сезона а во нападот одлично ги менуваше Симиќ и Јанчев но сепак се реши за нов предизвик во кариерата и во иднина ќе го носи дресот на третолигашот од Франција, Поитие.

Да споменеме дека Медиќ своите ракометни почетоци ги имаше во Апатин, а пред се пресели во ГРК Тиквеш настапувал уште и за Слога Пожега, Металопластика, Раднички Крагујевац, Спартак Војпут, и Шашаломбати.

М.В.