МОЖАТ ЛИ НАШИТЕ РАКОМЕТАРИ ДО ПРВА СУПЕРЛИГАШКА ПОБЕДА
Состојбата со пандемијата на KOVID 19 не дозволува сеуште присуство на публика во спортските арени. Затоа и вечерашниот дуел помеѓу „ГРК Тиквеш“ и „Бутел“ ке се одигра без публика во салата „Јасмин“ со почеток од 19 часот. „Бутел“ како претендент за највисок пласман ке се обиде да остане непоразен и по овој дуел а нашите ракометари пак ке се обидат да стигнат до првите суперлигашки бодови. Ке немаат подршка од публиката во салата но затоа благодарение на нашиот медиум со директен пренос и коментар на интернет платформата RTKLIVE.RTK.MK или на FACEBOOK профилот на РТК љубителите на ракометот од нашиот град ке имаат можност да го проследат овој натпревар.
м.в.