Противник на кавадаречките момчиња ке им бидат нивните врсници од екипата на Бутел
Во машката ракометна кадетска лига за ракометари родени 2004 и помлади годинава се натпреваруваа 24 екипи поделени во 5 групи. Во две групи имаше по 6 екипи а во 3 групи беа по 4 екипи.
Ракометарите на ГРК Тиквеш беа во групата А заедно со екипите на Борец, Бисинов, Младост. КЛ 7 Свети Николе и Текстилец. Кавадаречките момчиња забележаа 7 победи и 3 порази , сите на гостински терен од екипите на Младост, КЛ 7 и Текстилец и на крај го освоија второто место во групата зад екипата на Младост од Богданци . Тоа беше доволно да се пласираат во четвртфиналето на кадетската лигакаде се пласираа петте првопласирани од секоја група, двете второпласирани од групите кои имаа по 6 екипи и најдобро пласираната второпласирана од групите кои имаа по 4 екипи. Викендов во просториите на РФМ беа извлечени четвртфиналните двојки во ова натпреварување а паровите се : Алкалоид – Голден Арт, Младост Богданци – Пролет, Охрид – Еурофарм Пелистер и ракометарите на ГРК Тиквеш ке се сретнат со своите врсници од екипата на Бутел. Познат е и костурот за Ф4 турнирот па така таму на меѓусебен дуел одат победниците од средбите Алкалоид – Голден Арт и Младост Богданоци – Пролет, а второто полуфинале се формира од средбите Бутел – Тиквеш и Охрид – Еурофарм Пелистер. Четвртфиналните натпревари се играат на 26 или 27 март, а Ф4 турнирот е една недела подоцна. Домаќинот на Ф4 турнирот ќе биде дополнително одреден.
М.Виденовиќ