МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

На оваа средба Страхиња Симиќ ја надмина бројката од 100 гола во супер лигата оваа сезона

Во третото коло од ракометниот плеј оф фаворитите беа сигурни на домашен терен. Вардар го декласираше Бутел со 36-18, а во битолската пресметка постариот брат Еурофарм Пелистер немаше милост кон вториот тим и го совлада со убедливи 29-16. Алкалоид го искористи домашниот терен и го совлада тимот на Пролет со 27-21, а во дербито во Кавадарци ГРК Тиквеш не им дозволи на охриѓани ниту да помислат на изненадување и славеше со 28-24.Во плеј аут групата во Неготино Вардар го доби Скопје со 26-24 а Јуниор КВ лесно го совлада Радовиш со 31-21. Прилеп беше сигурен со Струга 31-28 а Куманово го изненади фаворизираниот Голден Арт КЛ7 и славеше со 26-25.

М.В.