ПОМИНАТА УШТЕ ЕДНА ПРЕЧКА ДО ДРЖАВНОТО ФИНАЛЕ во кошарка.
Ученците од Спортската академија за кошарка, при СОЗШУ „Ѓорче Петров“, го освоија ПРВОТО МЕСТО во Југо-западниот регион и се пласираа на финалниот Државен турнир, каде ќе се борат за првото место во Македонија. Турнирот на Југо-западниот регион се одржа во Струга на 09 март 2023 годин а и учествуваа 4 екипи од Кавадарци, Битола, Гостивар и Струга. Нашите претставници, во полуфиналето ги совладаа врсниците од Гостивар, а во финалето кошаркарите од Битола со убедлив резултат (55:29). Секојдневните тренинзи, под водство на менторите Цеков Дарко и Ѓуров Марјан и упорностна на овие млади момчиња, носат резултати. Го исчекуваме финанлниот турнир, каде ќе се одлучи која спортска екипа ќе биде Државен првак. Се надеваме дека нашите кошаркари први ќе ја минат целта. Честитки и за учениците и за менторите.