СЕЗОНАТА СТАРТУВАШЕ СО МНОГУ АМБИЦИИ И ЖЕЛБИ НО ЗА ЖАЛ РЕАЛНОСТА Е МНОГУ ПОИНАКВА И СПОРТСКИ Е ДА СЕ НАДЕВАМЕ НА ПОУСПЕШНА 2021

Фудбалерите на „Тиквеш“ со многу амбиции ја стартуваа новата сезона со желби за место кое следната сезона ке води во повисок ранг. За жал 2020 ја завршија на втората позиција со голем заостаток зад лидерот „Брегалница“ од Штипа напролет борбата продолжува за место во баражот.И ракометарите на ГРК „Тиквеш“ амбициозно ја стартуваа сезоната а желбите беа пласман во плеј офот. Но неколку непланирани кикса скапо ги чинеа нашите ракометари па напролет ке играат во плеј аут лигата во борбата за опстанок во елитата.Кошаркарите на „ЕуроНикел“ 2020 ја завршија со 4 победи и два порази па напролет борбата за плеј офот ке биде многу интересна.И оваа сезона две екипи од Кавадарци се натпреваруваат во женската кошаркарска елита. Нашите девојчиња се меѓу најмладитеа поради пандемијата одиграа само по 3 средби. Во групата исток екипата на „Про Баскет“ забележа 1 победа и два порази. Идентичен скор има и екипата на „Трокал“ во групата запад.Во втората машка кошаркарска лига Кавадарци прв пат има свој претставник. Екипата на „Про Баскет“ требаше да одигра 9 средби но одигра само 6 забележувајки 2 победи и 4 порази и во моментов се 7 пласирани на табелата во групата исток.На сите спортисти и спортски колективи екипата на rtk.mk им ги честита новогодишните и божикните празници со желби во новата 2021 заедно да се радуваме на многу победи и успеси.

м.в.

unnamed (3) unnamed (2) images