ВО БОГДАНЦИ ТРОЈЦА КАВАДАРЕЧКИ СТРЕЛЦИ СОБИРАА ИСКУСТВО ЗА ОВАА ОЛИМПИСКА ДИСЦИПЛИНА

За првпат во нашата земја се одржа натпревар во уште една олимписка дисциплина во која се натпреваруваат стрелците ширум светот.Станува збор за олимпикиот трап односно пукање во 125 летечки мети кај нас попозната како пукање во глинени гулаби. Натпреварот се одржа на стрелиштето во Богданци во организација на МССФ и СК „Магнум“. Се пукаше по сите правила и стандарди за оваа дисциплина а најдобрите 8 пукаа и финална серија. Целиот натпревар се одвиваше под будното око на меѓународниот судија Ристо Поповa. На ова натпреварување учествуваа и три члена од СК „Кавадарци“ и тоа Горан Илиев,Илија Милков и Никола Илиев. Исако пукаше прв пат Горан Илиев постигна одлични резултати и на крај беше рангиран на 5 место, Веднаш зад него се пласираше Илија МИлков а Никола Илиев заврши како 13. Останува само да се види колку оваа атрактивна но пред се олимписка дисциплина ке влијае врз нашите стрелци во обидот во блиска иднина и кај нас да се организира нешто слично по сите олимписки стандарди бидејки за оваа дисциплина не постои некоја возрасна граница за натпреварувачите. Дури се смета дека дисциплината е многу поинтересна за оние повозрасните отколку за помладите.

м.в.

122078279_348736899673879_2407225808423467231_n 122412842_694394181481402_7359770036933490670_n