Црна Река загуби на гостувањето кај Железарец а Клими.мк загуби во Кавадарци во дербито загуби од Кеги Моби
Викендов eкипите од првата македонска футсал лига ги одиграа средбите од 17 коло. Водечките екипи ја оправдаа фаворитската улога на домашен терен. Шкупи го совлада Карадаку со 8-4 а Проект со 12-4 го декласираше тимот на Јувентус Серава. Арбен Бајрами со идентичен резултат 12-4 го совлада Велес, Енхалон службено го доби натпреварот со Шкендија а најинтересно беше на пресметката помеѓу Железарец и Црна Река која ја доби домашната екипа со 5-3Второлигашите го одиграа 14 коло. Екипата на СФК Проект најави дека се повлекува од ова натпреварување и нема да ги доигра предвидените средби. Претходно и Велешта беше дисквалификувана што значи дека само 10 екипи ке го завршат натпреварувањето во втората лига.Затоа во ова коло слободни беа екипите на Астибо и Мал Ајакс. Во дербито во Кавадарци Клими загуби од Кеги Моби со 5-6. Црешово Топче ги изненади Конзули и славеше со 5-4. Овче Поле ја доби Форца со 4-3 а Кардашлк загуби дома од СЕЕ Университи со 2-6
м.в.