МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Екипите на ГРК „Тиквеш 2014„ и „Вардар“ од Неготино ке играат во различни групи

Вчера во просториите на Ракометната федерација на Македонија беше извршена ждрепката за суперлигашките групи за следната сезона. Во групата А покрај шампионот Вардар ќе играат Бутел Скопје, Охрид, потоа Струга и Прилеп, како и новите суперлигаши Алкалоид, Вардар Неготино и Куманово. Според распоредот, во првото коло Охрид ќе гостува кај Бутел Скопје, шампионот Вардар ке гостува во Неготино, Прилеп игра со новиот суперлигаш Алкалоид, додека Струга исто така ќе се соочи со нов суперлигаш и тоа Куманово.Во групата Б покрај вицешампионот Еурофарм Пелистер ќе играат и вториот битолски тим, потоа Радовиш и Пролет кои играа во плеј-аутот, Скопје кое преку бараж се избори за опстанок, ГРК Тиквеш, како и новите суперлигаши Голден Арт и Јуниор Кисела Вода. Според распоредот, во првото коло Еурофарм Пелистер 2 во дербито ќе го пречека ГРК Тиквеш, додека скопска пресметка ќе имаат Голден Арт и Пролет. Радовиш ќе го пречека Јуниор КВ, додека Еурофарм Пелистер во Битола ќе игра со Скопје.Регуларниот дел од сезоната треба да почне на 3/4 септември, а да заврши на 17/18 декември. Плеј-офот и плеј-аутот треба да почнат на 18 февруари 2023, а сезоната да заврши на 28 мај 2023 година. Натпреварите во првиот дел од сезоната ќе се играат по двокружен систем (секој со секого по еднаш дома и во гости), и ќе се играат 14 кола. По завршување на 14 кола од регуларниот дел ќе се разигрува за титулата во плејофот, и тоа првите четири екипи од двете групи. Екипите од 5 до 8 место од двете групи во регуларниот дел ќе разигруваат за опстанок. Во плеј-офот и плеј-аутот се пренесуваат и бодови врз основа на освоеното место во регуларниот дел од сезоната. Првата екипа пренесува 3 бода, втората – 2, третата – 1 и четвртата екипа стартува без бодови.Ваквиот развој на настаните значи дека нема да има Тиквешко дерби помеѓу ГРК Тиквеш и Вардар Неготино - барем не во 2022. Вечните ривали, комшиите од Кавадарци и Неготино ке се сретнат само доколку и двете екипи играат во плеј офот или доколку и двете екипи играат плеј аут

М.В.