МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

НАШИТЕ РАКОМЕТАРИ САКААТ ДА ИМ СЕ РЕВАНШИРААТ НА БОГДАНЧАНИ ЗА ПОРАЗОТ ОД 1 КОЛО

По паузата во првенството ракометните суперлигаши се враќаат на терените. Во групата А утре (недела 22 ноември) се срекаваат „Радовиш“ - „Астраион“ и „Охрид“ - „КЛ‘“ а „Пролет“ и „Јуниор КВ“ својата средба ке ја одиграат во понеделник. Станува збор за средби од 8 коло со кое стартува вториот круг од натпреварите во суперлигата. Во за нас поинтересната група Б утре играат „Бутел“ кој е фаворит во дуелот со „Работнички“ и во салата „Јасмин“ екипата на „ГРК Тиквеш“ ке ја пречека екипата на „Младост“ од Богданци. Средбата „Еурофарм Пелистер 2“ - „Металург“ ке се одигра на 3 декември а слободна е екипата на „Прилеп“.Средбата „ГРК Тиквеш“ - „Младост“ се игра утре (недела 22 ноември) со почеток во 12 часот а нашите ракометари размислуваат единствено на победа. Богданчани имаат заостанат натпревар со екипата на „Металург“ а од одиграните 5 средби забележаа 4 порази и само една победа и тоа токму против „Тиквеш“ во првото коло. Затоа нашите ракометари размислуваат само како да се реваншираат бидејки само со победа ке останат колку толку во трка за највисок пласман. Од овој натпревар за сите љубители на ракометот директен пренос обезбеден на РТК.МК

1 БУТЕЛ 5 5 0 0 15

2 МЕТАЛУРГ 4 4 0 0 12

3 ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 6 3 0 3 9

4 ТИКВЕШ 2014 6 2 1 3 7

5 ПРИЛЕП 6 2 1 3 7

6 МЛАДОСТ 5 1 0 4 3

7 РАБОТНИЧКИ 6 1 0 5 3

м.в.

images Capture