Екипата на Вардар од Неготино во својата група го освои првото место но предизвиците допрва доаѓаат

Заврши регуларниот дел од сезоната за ракометните прволигаши. Во групата А лидерот Вардар од Неготино на гостувањето кај Работнички славеше со минимални 26-27 и остана прв во оваа група со ист број на бодови, 42 колку што има и Младост кој гостуваше кај Шампион и победи со 25-32. Гостинска победа и за Драчево кој славеше со 24-37 на гости кај Преспа. Единствено Јехона славеше дома со Борец со резултат 30-29 не би требало да има проблеми дома со Борец. Четирите најдобри од оваа група се Вардар, Младост, Драчево и Работнички.Во групата Б Алкалоид во среда ке го одигра дербито со Јуниор КВ додека во останатите дуели се постигнаа следниве резултати. Куманово - Голден Арт 26-28, Текстилец – Металург РА 18-30, Кичево – Македонија ЃП 36-42 и Аеродром – Астраион 36-18. Најдобри 4 од ооваа група се Алкалоид, Голден Аер, Јуниор КВ и Аеродром.

М.В.