МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Од утре. среда,машката сениорска одбојкарска репрезентација ке биде на подготовки , во Кавадарци.

Во рамките на престојот во нашиот град ке бидат одиграни два напревари ; со Јапонија и Израел.Машката одбојкарска репрезентација на Мaкедонија ,утре- среда пристигнува во Кавадарци каде во периодот од петок до недела ќе има уште две силни контролни средби. Селекторот Јошко Миленковски, вели дека е задоволен од она што го виде на првите две контроли со Романците и се надева дека во ист стил ќе продолжи темпирањето на фората за Европското првенство и на следните две проверки на силите со исклучително квалитетните селекции на Израел и Јапонија.„Најважно е што сите сме добри и продолжуваме со засилена работа. Сега се насочуваме кон Кавадарци и двата меча кои не очекуваат со Израел и Јапонија. Две силни селекции кои ќе бидат добредојдени во овој период на работа и подготовка. Најважно е да останеме на број, здрави и подготвени се до почетокот на ЕП во Скопје“, вели Миленкоски. Според планот в петок вио СС „ЈАСМИН„ треба да одиграме пријателски меч со Израел а во недела против Јапонија. Во сабота гостите ќе имаат меѓусебен тест-натпревар.