Кавадаречките ракометари доминираа но потклекнаа во финишот
Ракометните суперлигаши во петтото коло одиграа според очекувањата. Во групата А шампионот Вардар му гостуваше на амбициозниот тим на Охрид и забележа победа од 22-27. Бутел лесно го доби Куманово со 31-28, екипата на Вардар од Неготино загуби со 22-18 на гостувањето кај Прилеп додека Алкалоид беше убедлив со 36-29 против Струга. Во групата Б екипата на ГРК Тиквеш во Кавадарци го одигра дербито со Пролет. Средбата заврши 24-24 иако по прегледувањето на снимките може да се види дека кавадарчани беа оштетени. Радовиш загуби од Голден Арт со 22-23, Еурофарм Пелистер славеше со 25-38 нагости против Јуниор КВ а Еурофарм Пелистер 2 беше сигурен против Скопје со 28-19.
М. В.