КАВАДАРЕЧКИТЕ РАКОМЕТАРИ СТАРТУВАА СО ПОДГОТОВКИТЕ ЗА ПЛЕЈ АУТ СУПЕРЛИГАШКАТА ГРУПА
Од синока и кавадаречките ракометари ги почнаа подготовките за пролетниот дел од сезоната. Нашиот суперлигаш за жал не успеа да се пласира во плеј офот па затоа управата на клубот ја прекина соработката со досегашниот стратег Томе Петрескиму и му се заблагодари на услугите.Меѓутоа не се чекаше долго и клубот веке има нов тренер. Станува збор за поранешен македонски репрезентативец и некогашен тренер на екипата на „Охрид“, Горан Андоновски, кој ќе ја води екипата на ГРК„Тиквеш“. Андоновски долги години беше предводник на „Охрид“, со кој успеа да обезбеди дури и место во европските купови па и да мине една пречка во истите. Негова задача ке биде да обезбеди опстанок во елитното друштво со „Тиквеш“. Засега играчкиот кадар останува ист, без белорусинот Хапал, но не е исклучено откако поблиску ке се заапознае со играчкиот кадар новиот тренер да побара и ангажман на нови ракометари.Во плеј аут групата „Тиквеш“ ќе има уште седум ривали – „КЛ7“, „Астраион“, „Младост“ Богданци,„Јуниор Кисела Вода“, „Работнички“, „Прилеп“ и „Радовиш“. Сеуште не се знае кога ке стартува плеј аутот но во првото коло „Тиквеш“ ке гостува кај „Јуниор“ во Кисела Вода,а во второто коло во Кавадарци ке гостува „Астраион“.
м.в.