МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Во предигра на финалето, Борец го победи Металург и го освои третото место.

Фудбалерите на Победа и денеска ја покажаа својата класа, и со убедливи 6-0 против домаќинот Тиквеш 1930 го одбранија шампионскиот наслов на меморијалниот турнир „Вуко Каров“ кој по осумнаесетти пат се оддржа во Кавадарци.

16730990_10211968396148299_1778291915_n.jpg

Големиот триумф беше најавен уште по четири минути игра кога Трајковски погоди за 1-0. Предноста на гостите од Прилеп ја удвои Шаркоски, за четири минути подоцна на листата на стрелци да се запише и Гешоски за 3-0. Но, и оваа предност не ги задоволи прилепчани, кои на полувреме заминаа со предност од 4 гола откако Наумоски погоди од слободен удар.

16707204_10211968397308328_1723104004_n.jpg

Со својот втор гол Трајковски ја „пукна петардата“ на почетокот на второто полувреме, а конечните 6-0 ги постави Гешовски на три минути пред крајот.

Во предигра на финалето, Борец со голот на Горан Димовски го победи Металург и стигна до третото место.

16729902_10211968397068322_772955987_n.jpg

Играчот на прилепска Победа, Даниел Карчески со три постигнати гола беше прогласен за најдобар стрелец, додека Александар Ангелков кој на вчерашниот натпревар помеѓу Тиквеш и Борец одбрани два пенали го доби признанието за најдобар играч на турнирот.