МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

ПОБЕДА НА РОСОМАН ВО ПРВАТА КОНТРОЛКА ДОДЕКА ВАРДАР ОД НЕГОТИНО РЕМИЗИРАШЕ

Кога фудбалот е во прашање ширум Европа на големо се игра а во некои првенства ова е период на одигрување на контролни пријателски натпревари. Фудбалерите на „Тиквеш“ со победа ја отворија серијата на „контролки“ совладувајки ја „Беласица“ во Струмица со 2:3. Следниот натпревар новиот тренер Блажевски го закажа на 30 јануари против „Плачковица“. И второлигашот од Росоман со победа го отвори подготвителниот дел од сезоната. Тие го совладаа третолигашот „Ново Црнилиште“ и тоа нагости со резултат 3:4. Стрелци за росоманчани беа Дуков , Христијан и Стефан Тодоровски. Третолигашот “Вардар“ од Неготино на свој терен предвден од новиот тренер Никола Глигоров во првиот контролен натпревар одигра солидни 2:2 со второлигашот „Кожув“ од Гевгелија

м.в.

129733633_713790469343669_1866627454748156717_o (1)