МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Светско фудбалско во Катар, Зимски олимписки игри во Пекинг, Европско во ракомет и кошарка, светско во пливање и атлетика

2021 замина но секавањата на спортските настани во истата ке останат. Годината почна со учество на нашите ракометари на СП во Египет. Ја минавме групната фаза во друштво на Шведска, Египет и Чиле а потоа забележавме уште три порази од Русија, Словенија и Белорусија и завршивме на 23 место. 2021 ке остане запаметена по историското учество на нашите фудбалери на едно ЕП. Бевме во група со Украина, Холандија и Австрија и забележавме 3 порази и завршивме како 23. Од 23 јули до 8 август се одржаа и ЛОИ во Токио кои ке ги паметиме по сребрениот медал на нашиот теквондист Дејан Георгиевски. Годината заврши како што почна со СП во ракомет но за жени на кое за жал ги немаше македонките. За одбележување во 2021 е и резултатот на Димитар Ѓорѓиев кој по четврти пат стана светски шампион во кикбокс на Мундијалот во Италија, во Лидо Ди Јесоло. Каратистот Емил Павлов освои сребрен медал на на СП во Дубаи. Бодибилдерката Мери Акиевска на СП во шпанска Санта Сузана, освои злато во јуниорска и сениорска категорија и две апсолутни во двете категории. Машкиот одбојкарскиот национален тим го освои второто место во Сребрената лига а беше дел и од ЕП во Финска. Златни медали во кадетска конкуренција освоија македонската женска ракометна репрезентација на ЕХФ шампионатот во Литванија и женската кошаркарска репрезентација предводена од нашиот Никола Златев на ФИБА челенџот во Грузија. Од домашните активности по 17 год ГФК Тиквеш се врати во првата лига, ракометарите изборија опстанок во суперлигата а кошаркарите беа вицешампиони. Ке го одбележиме и историскиот успех на Локомотива офд Градско со пласманот во втората лига2022 се очекува да биде уште поневеројатна од оваа 2021 во која се одржаа доста настани кои беа одложени, од претходната, пандемиската 2020 година. Најважен настан ќе биде Светското фудбалско првенство во Катар во ноември, нешто за што повеќе од кога било сонува и Македонија. Во месец февруари ќе ги имаме и Зимските олимписки игри во Пекинг. Годината ке стартува со ЕП во ракомет во Унгарија/Словачка на 13 јануари а дел од собирот ке биде и нашата ракометна селекција. Во февруари покрај ЗОИ не очекува и Светско клупско фудбалско првенство во Обединети арапски емирати. Во мај ке се одржат ЕП во карате и СП во пливање а во јули и СП во атлетика во Јуџин. Во септември ке имаме ЕП во кошарка за мажи и СП во кошарка за жени а во ноември и ЕП во ракомет за жени. Но прво во 2022 посакуваме ГФК Тиквеш да опстане во првата лига, ракометарите и кошаркарите да се пласираат меѓу најдобрите 6 и да разигруваат за шампионската титула. Кошаркарките да Пробаскет да опстанат а на Трокал да влезат во елитната А дивизија. На сите спортисти им посакуваме многу пехари, медали, признанија НО ПРЕД СЕ МНОГУ ЗДРАВЈЕ, СРЕЌА И БЕРИЌЕТ

М.В.

270144251_624782492094809_3968019206793184140_n 270183518_4636397253081879_6188229872964533906_n 270191744_294363522667775_2554730860755959022_n 270211999_453926526187187_8420808469125365318_n 263173680_444831617219636_6959356842959076229_n