МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

ПОБЕДИ ВО ГЕНЕРАЛКИТЕ ЗА ТИКВЕШ, РОСОМАН И ВАРДАР ОД НЕГОТИНО - ЛОКОМОТИВА ПОРАЗЕНА ВО СВЕТИ НИКОЛЕ

Следниот викенд стартува пролетниот дел од фудбалското првенство во Македонија. Екипите завршија со подготвителните контролки и сега се сконцентрирани на она што ги очекува во првенството. Поголем дел од екипите вчера ги одиграа генералките по што ке се сумира направеното во подготвителниот период.Второлигашот „Тиквеш“ без пораз го заврши овој период а вчера во Марена со 5:2 беше совладана екипата на прилепска „Победа“. И „Росоман“ е без пораз во контролните средби. Вчера во рамките на меморијалот „Никола Темов Мускулот“ росоманчани со 1:0 го совладаа „Кожув“. Токму овие две екипи „Тиквеш“ и „Росоман“ во Кавадарци ке го отворат пролетниот дел од сезоната во сабота на 27 февруари.Третолигашот „Вардар“ од Неготино со победа го заврши подготвителниот период. Тие вчера со 3:2 го совладаа тимот на Братство. Викендов „Вардар“ на домашен терен ке игра со Обршани додека „Братство“ ке гостува во Марена кај истоимената екипа.Лидерот во третата лига југ екипата на „Локомотива“ од Градско доживеа пораз на гостувањето во Свети Николе. Екипата на „Овче Поле“ славеше со убедливи 4:1. Двете екипи преку своите лиги пролетва ке бараат влез во втората лига исток. м.в.

152886223_2741558442727638_8125901593095191257_n 152924452_816566312404368_7035004358783060388_n