17 екипи поделени во две групи а ГРК Тиквеш е во источната
Вчера во просториите на Ракометната федерација на Македонија беа извлечени групите за младинските лиги во машка и женска конкуренција. Ке се игра по нов систем. Кај момците, ќе се игра во две групи Исток и Запад, каде што екипите што не се од Скопје се однапред поделени територијално, а дополнително беа извлечени по три (од шесте) скопски екипи кои ќе бидат дел од двете групи. Пријавени се вкупно 17 екипи, а по одигрувањето на групната фаза, двете најдобри од групите ќе обезбедат место на Ф4, каде ќе се разигрува по принципот првиот од едната со вториот од другата група. Вогрупата А (Запад) ке играат екипите на Голден Арт Аеродром, Пролет, Бутел, Еурофарм Пелистер 2, Еурофарм Пелистер,Филип Ис Прилеп, Охрид, Струга и Прилеп, додека во групата Б (Исток) ке бидат екипите нна Мулти Есенс, Јуниор КВ,Македонија ЃП, Куманово, Текстилец, Овче Поле, Младост Богданци и ТиквешКај дамите се пријавени девет екипи, кои ќе разигруваат во две групи. Потоа следува четвртфинале во кој ќе се игра по принципот првиот од едната со четвртиот од другата група односно вториот со третиот од другата група. Пласман на Ф4, ќе обезбедат четирите победници. Во групата А (Запад) се екипите на Сани, Стружанка, Вардар, Илинден Вардар иШампион, а во групата Б (Исток) се Делчево Вардар, Ѓорче Петров, Куманово и Металург.
М.В.