МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

,,Црна Река,, одигра 5-5 на гостувањето во Струга кај Енхалон а ,,Клими,, славеа со 5-6 среде Битола со ,,Конзули,,

Иминатиов викенд се одиграа средбите од 10 коло во првата машка футсал лига во кое само на една средба славеа гостинските екипи. Црна Река од Кавадарци гостуваше во Струга кај екипата на Енхалон и во еден неизвесен натпревар полн со пресврти средбата заврши 5-5. КМФ Проект го совлада Железарец со 7-3. Арбен Бајрами ја доби Шкендија со 10-8.Единствено Борец воВелес како домакин успеа да загуби од Карадаку со 0-3. Лидерот Шкупи го декласираше тимот на Јувентус Серава со 10-3 По 10 кола на табелата води Шкупи без пораз со 30 бодови пред Проект кој има 27 и Арбен Бајрами со 24. Црна Река е на 7 место со само 8 освоени бода.Во втората футсал лига на програмата беше 7 коло. Фудбалерите на Клими направија мало изнебадување откако славеа во Битола против екипата на Конзули со 5-6. Важна победа за кавадаречкиот состав кој со истата му се доближи на битолскиот тим на само 2 бода. Мал Ајакс го совлада досега непоразениот тим на Кеги Моби со 4-3, Овче Поле го доби Црешово Топче со 4-1 а Форца со 11-6 го совлада СФК Проект. Велешта со 6-3 го совлада Кардашлк додека СЕЕ Университи на домашен терен одигра само 2-2 со Астибо. На табелата и покрај поразот со 18 бода води Кеги Моби пред Мал Ајакс и Форца кои имаат по 17 Конзули собраа 15 а Клими на петтото место 13 колку што има и Астибо.

М.В.

248892758_1228171937662288_5577681365917849555_n 261501889_404141158123094_3521423530450562210_n 263781650_621949768844815_1001805911782118482_n