ВО СЛЕДНОТО КОЛО ВО КАВАДАРЦИ КЕ СЛЕДУВА ПРЕСМЕТКА НА НЕПОРАЗЕНИТЕ

Викендов се одиграа средбите од 4 коло кај ракометните суперлигаши од плеј аут групата. Дербито на колото се одигра во Радовиш каде истоимената екипа го пречека тимот на ГРК Тиквеш. Кавадарчани максимално ги искористија сите грешки на домакините и на крај заслужено славеа со 27:32. Ова е четврта победа за ГРК Тиквеш во исто толку натпревари а 4 пораз за радовишани кои важеа за сериозен кандидат за опстанок во елитата. Четвртата победа ја запиша и тимот на КЛ 7 кој го изненади фаворизираниот тим на Младост и славеше со 35:31. Следното коло ке биде интересно бидејки во Кавадарци ке се сретнат токму непоразените ГРК Тиквеш и КЛ 7. Прилепчани славеа со 33:27 во дуелот со Јуниор Кисела Вода додека Работнички немаше милост кон Астраион и победи со убедливи 39:19. М.В.

166233772_769654173974323_5321205790368488293_n