МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Кавадарчани ја оправдаа фаворитската улога а во Неготино Вардар загуби и од Куманово

Ракометните суперлигаши го одиграа третото коло со неколку изненадувања. Во групата А шампионот Вардар гостуваше во Прилеп и победи со 19-34. Во дербито новиот суперлигаш Алкалоид го совлада Охрид со 24-22. Струга го забележа првиот пораз и загуби на гостувањето кај Бутел со 27-25, а во Неготино домашниот Вардар загуби од Куманово со 24-26. Во групата Б во Битола во братската пресметка помалиот брат му украде бод на првиот тим на Еурофарм Пелистер играјки 28-28. Пролет исто така беше непријатнно изненаден на гостувањето кај Радовиш со 27-27 а победата ја испуштија буквално во последната секунда. Голден Арт во скопската пресметка се сретна со Скопје и славеше со 30-27, додека Тиквеш одржа посериозен тренинг на гостувањето кај Јуниор КВ, оправдувајки ја фаворитската улога. Кавадарчани славеа со 25-32 аСимиќ постигна 7 гола додека петпати во листата на стрелците се запишаа Стефановиќ, Хамзиќ и Петровиќ

М.В.