КОГА КЕ ПРОДОЛЖАТ РАКОМЕТНИТЕ СУПЕРЛИГАШИ ?ЗА ГРПАТА А КАРАНТИНОТ ЗАВРШИ ИАКО СТРУЖАНИ КЕ МИРУВААТ ДО 9 ОВОЈ МЕСЕЦ А ГРУПАТА Б КЕ ПАУЗИРА БАРЕМ ДО 15 ОКТОМВРИ

За ракометните екипи од суперлигата група „А“ каде имаше појава на заболени од КОВИД 19 во 4 клуба периодот за карантин заврши. Но има најава и сосема е нормално клубовите што не тренирале да побараат уште најмалку една недела за тренирање за да може да се продолжи со играње. Некои од екипите кои имаа само по 1-2 заразени уште тогаш продолжија со нормално тренирање, но имаше некои кај кои сите мораа во изолација.

Сепак, веќе има сигнали дека ќе може наскоро да се почне со натпревари и да се заврши есенскиот дел од сезоната. Првиот тим кој пријави голем број на заразени беше КЛ7. Сега таму ситуацијата е веќе санирана. Ракометарите на КЛ 7 кои беа позитивени на Ковид 19 пред повеќе од две недели се добро. Сите се подготвени за враќање назад на терен.Во Радовиш ситуацијата полека се средува. Има еден позитивен ракометар за кој се очекува деновиве да добие довола за враќање на тренинг и продолжување со работа. Охриѓани исто така тренираат, но не се во комплетен состав. Дел од играчите уште се во изолација и се очекува од утре и тие да можат да се приклучат на колегите на тренинг. Целиот тим на Работнички доби решение да замине во изолација иако повеќе од 90 отсто од челновите немаа симптоми, но бидејќи биле во контакт со оние кои беа позитивни и покажаа симптоми мораа да бидат изолирани.

Во понеделникот заврши периодот на самоизолација за екипите од групата „А“. Ке следува комплетно тимско тестирање, и доколку сите се негативни веднаш продолжуваат со тренирање. Ракометарите на Струга кои беа позитивни на Ковид 19 и понатаму се во изолација. Тие ќе треба да мируваат до 9 октомври. Најавите се дека ќе им бидат потребни уште две недели после враќањето на терен за да можат да се подготват за продолжението од сезоната.

Сезонава првенството е поделено во две групи по седум екипи. Групата „Б“ е стопирана заради тимот на „Работнички“ и така ке биде се до 15 октомври по што РФМ ке каже што и како. Планот беше есенскиот дел да заврши до крајот на октомври но сега РФМ ќе мора да прави нов план.

м.в.