МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

ПОЧНУВА РАЗВРСКАТА ЗА МЕСТАТА КОИ НОСАТ ОПСТАНОК ВО РАКОМЕТНАТА СУПЕРЛИГА

Заврши ЕХФ ракометната недела што значи дека продолжуваат ракометните возбудувања во суперлигата како во плеј офот така и во плеј аутот. Во борбата за опстанок на програмата е 9 коло а состојбата на врвот е многу интересна бидејки се покажа дека секој може да победи секого. Двете првопласирани на табелата директно ке изборат опстанок а третиот од плеј аутот ке разигрува со второлигаш за место во елитата.

Засега лидер на табелата е ГРК Тиквеш со 18 бодови три повеке од екипите на Прилеп и КЛ 7. Кавадарчани во ова коло се апсолутни фаворити на гостувањето во Струмица кај Астраион кој е последен на табелата без ниеден освоен бод. Фаворит е и КЛ 7 кој гостува кај Јуниор но тимот од Кисела Вода славеше во Кавадарци во минатото коло и покажа дека не смее да се потцени. Прилеп ке има тешка задача на домашен терен со тимот на Работнички а најинтересна треба да биде комшиската пресметка помеѓу Младост и Радовиш. Богданчани мора да победат доколку сакаат да одржат чекор со екипите од врвот но истото важи и за Радовиш кој има само бод помалку од Младост но е во страшна серија од 4 победи во низа.

Ракометарите на Тиквеш знаат дека киксеви веке не се дозволени и доколку сакаат да ја задржат првата позиција мора да бидат сигурни на секој еден натпревар особено на домашен терен бидејки до крајот на ова натпреварување кавадарчани ке гостуваат на директните конкуренти Прилеп и КЛ 7 а дома ке ги пречекаат екипите на Младост, Работнички и Радовиш.Единствен проблем за ГРК Тиквеш може да биде фактот што своите средби нако домакини нема да ги играат во својата сала Јасмин туку во соседно Неготино.

М.В.