МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Кавадарчани спасија бод иако на полувреме водеа со плус 4

Машките ракометни суперлигаши ги одиграа средбите од 16 коло - последно за оваа календарска година. Радовиш - Еурофарм Пелистер 25-34, Струга - Металург 35-21, Вардар - Бутел 36-21, Скопје - Охрид 23-36 и Еурофарм Пелистер 2 - Прилеп 34-26. Ракометарите на ГРК Тиквеш во салата Јасмин го пречекаа тимот на Пролет. Кавадарчани одиграа одлично прво полувреме имаа и водство но во вториот дел му дозволија на противникот да се врати во игра и на крај спасуваа бод бидејки средбата заврши 25-25. На табелата на врвот израмнети се Еурофарм Пелистер и Вардар со по 43 бода. 10 бода помалку на третото место има Бутел а вториот тим на битолчани е четврти и собра 32 бода. Следуваат Охрид, Тиквеш и Пролет со по 25 но и Металург се приближи на 21 бод. Тоа се екипите кои во новата година ке водат жестока битка за пласман во плеј офот.

М.В.