МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Членката на КК ,,Сансаи Метал Апостолов,, стана државен првак и преку плеј оф обезбеди место во репрезентацијата

Во саботата на 04 декември во спорстската сала на средното општинско економско училиште "Гостивар" од Гостивар се одржа државно првенство во карате за кадети јуниори и јуниори до 21 година. Карате клубот ,,Сансаи -Метал Апостолов,, од Кавадарци беше дел од ова натпреварување и ги постигна следните резултати:Златен медал освои Данка Стојкова во кати кадетки поединечно. Со сребрен медал се закити ката тимот машки кадети јуниори во состав:Кристијан Митрев,Мартин Прстенков и Мартин Костов, а бронзени медали освоија Стефанија Грозданова во кати јуниорки до 21 година поединечно и Мелани Богева кати јуниорки поединечно.Во неделата на 05 декември на истото место се одржа и плеј-оф државниот турнир. На плеј-офот учествуваа медалистите од државниот изборен турнир натпреварувајќи се меѓу себе во секоја категорија. На овој натпревар се избираше и репрезентацијата за настап на Европското првенство кое ќе се одржи во февруари 2022 во Прага-Чешка. Данка Стојкова го потврди своето прво место победувајки ги сите во својата категорија. Со тоа нашата Данка Стојкова обезбеди пласман за учество на европското првенство во Чешка. Селекцијата за кадетки и јуниорки во кати ќе ја предводи тренерот селектор на државна репрезентација Ивана Аврамова.

М.В.