На гостувањето во Скопје кавадаречките ракометари не искористија напад за израмнување во последната минута
Ракометарите на Бутел Скопје се вратија на победничките патеки откако на домашен терен го победија незгодниот тим на Тиквеш од Кавдарци со 22-21. Одлуката падна во последната минута кога кавадарчани не искористија напад за израмнување. Тимот кој пред неколку години се бореше за титула во првенството на Македонија, Металург ги преживува најтешките денови, и исто како Тиквеш го претрпе третиот пораз во серија откако загуби против Еурофарм Пелистер 2 со 28:29.Ракометарите на Вардар продолжуваат со победите во Супер лигата и во 3. коло на гостувањето во Охрид забележаа нова славејќи со 29-31. Ракометарите на Пролет имаат исто така максимален ефект откако на домашен терен дојдоа до триумф и против Прилеп со 31:28 .Ракометарите на Еурофарм Пелистер на свој терен ја совлада Струга со убедливи 45:20 и со три од три ќе го дочекаат дуелот против Вардар во 4. коло во Скопје. Денес својот натпревар го играат Радовиш и Скопје а во лседното коло во Кавадарци ке гостува екипата на Металург
М.В.