ПРВИОТ ДЕЛ ОД ЕЛИМИНАЦИОНОТО КОЛО ВО КУПОТ БЕЗ ИЗНЕНАДУВАЊА. СУПЕРЛИГАШИТЕ СУПЕРИОРНИ ПРОТИВ ПРВОЛИГАШИТЕ
Според сите претпоставки и очекувања суперлигашите не дозволија никакво изненадување и лесно си обезбедија пласман во четвртфиналето. Досега место во следната рунда обезбедија „Вардар“, „ГРК Тиквеш“, „Пролет“, „Бутел“, „Јуниор КВ“, „Прилеп“, „Струга“, „Работнички“, „Еурофарм Пелистер 2“. Кои 7 екипи ке им прават друштво ке се дознае по денешните дуели.Оние 16 екипи кои ке се пласираат во следната рунда ќе формираат четири четвртфинални групи а само првопласираните во оваа групна фаза ќе обезбедат место на завршниот турнир, кој на програмата треба да биде од 21 до 23 мај.
м.в.