МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

По враќањето на Андоновски на клупата, ГРК Тиквеш не знае за пораз

7 коло од ракометната супер лига донесе очекувани резултати. Кавадаречките ракометари имаа тешко гостување во Битола кај вториот тим на Еурофарм Пелистер. Домакинот важеше за фаворит но Тиквеш со доминантна игра во текот на целиот натпревар освои полн плен на гостински терен. Искуството на кавадаречките ракометари беше пресудно па победата од 24-26 е и повеќе од заслужена. Првиот тим на Еурофарм Пелистер лесно го доби Скопје со 38-12.Бутел во натпревар со многу грешки и одбрани а малку голови со 15-14 славеше против Охрид. Вардар беше сигурен на гостувањето кај Пролет со 26-35. Металург го декласира Радовиш со 31-19 а Прилеп го искористи домашниот терен против Струга и победи со 25-22.Во следното коло ГРК Тиквеш се среќава со Скопје во обидот да ја продолжи победничката серија.

М.В.