МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Скопски Вардар славеше во Неготино а Алкалоид во Прилеп.Тиквеш во среда му гостува на Еурофарм Пелистер 2

Изминатиов викенд стартуваше машката ракометна супер лига. Во групата А се одиграа сите средби. Во дуелот на екипите кои го носат името Врдар Скопскиот тим славеше на гостувањето во Неготино со 25-38. Прилеп загуби од Алкалоид со 30-43, Бутел минимално го доби Охрид со 24-23 а на сличен начин Струга го совлада Куманово со 21-20. Во групата Б се одигра само средбата помеѓу Радовиш и Јуниор КВ која заврши 22-22. Денеска играат Голден Арт и Пролет а поради учество на двете битолски екипи во еврокуповите нивните средби од првото коло се пролонгирани и презакажани за среда 7 септември. Еурофарм Пелистер ке го пречека Скопје а Еурофарм Пелистер 2 ке игра со ГРК Тиквеш.

М.В.