Кавадарчани не ги потресе овој пораз и со најголем оптимизам ке ги дочекаат средбите со Борец во Купот и со Радовиш во првенството
Вчера се одиграа средбите од 10 коло во машката ракометна супер лига. Ракометарите на ГРК Тиквеш имаа тешко гостување во Скопје кај шампионот Вардар. Вардар беше голем фаворит дотолку повеке што бараше и рехабилитација за поразот од Еурофарм Пелистер 2 во претходното коло. Веке на полувреме шампионот имаше предност од 18-13 и истата ја задржа до крајот за конечни 34-27. Сооглед на противникот овој пораз нема да биде минус за тимот од Кавадарци кој одигра добра и квалитетна средба. Дибиров со 11 погодоци беше најефикасен кај Вардар а кај Тиквеш Симиќ и Темелковски постигнаа по 6 а Дрогришки и Стефановиќ по 5. Во останатите средби Скопје-Струга 29-32, Радовиш - Еурофарм Пелистер 2 24-29, Охрид - Прилеп 33-21 и Бутел - Металург 21-19. Денескаа се игра дербито во кое ке се сретнат првопласираниот Еурофарм Пелистер и третопласираниот тим на Пролет кој заостанува 3 бода зад битолчани. Во следното коло Тиквеш ке го пречека Радовиш во обидот да остане меѓу првите 6 на табелата
М.В.