МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Кавадарчани ке се обидат да стигнат до првите плеј оф бодови против тимот кој досега два пати го совладаа

По репрезентативната пауза продолжуваат возбудувањата во македонскиот клубски ракомет. Во ракометниот плеј оф ке се одигра 2 коло а сите средби се играат утре. „Охрид„ му е домакин на „Бутел“ а големото дерби се игра во Скопје каде Вардар го пречекува „Еурофарм Пелистер“. Утре од 19 часот во салата Јасмин ГРК „Тиквеш“ ке го пречека “Еурофарм Пелистер 2“ во обидот да стигне до првите плеј оф бодови.Во плеј аут групата утре Пролет ке ја пречека Струга а во недела Скопје го пречекува Прилеп додека Радовиш е слободен.Викендов и ракометните прволигаши ги стартуваат плеј оф натпреварите. Големото дерби ке се одигра утре во Неготино. Ке се сретнат двете првопласирани екипи од групите по регуларниот дел. Во средбата која почнува од 19 часот ке играат Вардар Неготино и Алкалоид. Утре се среќаваат и Младост – Голден Арт и Работнички – Аеродром. Во недела ке играат Јехона – Куманово и Драчево – Јуниор КВ.Во прволигашкиот плеј аут утре ке играат Борец – Македонија ЃП, Партизан – Астраион и Шампион – Металург РА додека во недела ке играат Преспа и Кичево.Текстилец е слободен во ова коло.

М.В