Кои екипи во пресрет на крајот на годината се лидери на табелите и имали непоразени тимови
Во македонскиот фудбал по 15 одиграни кола лидер е Шкупи со 4 бода предност пред второпласираниот и со само 2 порази досега.
ГФК ТИКВЕШЦ има скор од 3 победи 4 нерешени и 8 порази и собра 13 бодови но затоа младинците на кавадаречкиот тим пишуваат историја бидејки во нивната група и категорија имаат скор од 6 победи од исто толку средби и се без пораз.
Во Втората лига исток лидер е Слога од Виница со 2 порази во 12 кола, додека на западот лидер е Силекс кој нема пораз а има само 1 нерешен резултат по 12 кола.Во машката ракометна Супер лигaта -мажи- лидери се екипите на Еурофарм Пелистер и Вардар кои по 12 кола имаат само по еден пораз. ГРК Тиквеш засега стои одлично на 5 позиција со скор од 7 победи и 5 порази и идеални шанси за плеј оф. Вредни за спомнување се и кавадаречките пионери кои во 2 одиграни средби имаат 2 победи. Кај дамите во групата А лидер е Куманово со 10 победи во исто толку средби а во групата Б прв е Вардар со 8 победи од 8 натпревари. Во групата А од ракометните прволигаши водат Вардар Неготино и Младост со по 1 пораз во 9 одиграни кола а во групата Б води Алкалоид кој е без пораз.
Во кошаркарската елита води Пелистер без пораз во 8 кола додека Еуроникел засега има 3 победи и 5 порази и со 11 бода е 9 на табелата.
Кај дамите во групата А води Бадел со 7 победи од 7 средби а во оваа група на екипата на Пробаскет од Кавадарци никако да им тргне па забележаа 7 порази во 7 средби. Во групата Б лидер е екипата на Трокал. Кавадаречките девојчиња се без пораз со 6 победи од 6 средби. Да го споменемеи составот на Трокал во конкуренција М18 кој има 3 победи во 3 натпревари. Всушност станува збор за истите девојчиња кои играат и во сениорска конкуренција што значи дека тие имаат скор 9 од 9.
М.В.