МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Со победа кавадарчани ке бидат чекор поблиску до плеј офот

Во последниот натпревар од 17 коло во машката ракометна суперлига Еурофарм Пелистер без проблеми го совлада Охрид со 34-25. Новото 18 коло стартува веке денес со средбата Скопје – Еурофарм Пелистер. Во сабота се срекаваат Радовиш – Металург и Струга – Прилеп а во недела Вардар – Пролет и Охрид – Бутел. Сепак дербито на ова коло се игра во Кавадарци во сабота со почеток од 19 часот. Екипата на ГРК Тиквеш по победата во Прилеп го пречекува вториот тим на Еурофарм Пелистер.За кавадарчани победата ке значи чекор поблиску до плеј офот. Во моментов Тиквеш е петти со 28 бодови а битолчани се четврти со 35. Меѓутоа Пролет кој е на 6 место со ист број бодови како и кавадарчани во ова коло му гостува на Вардар, додека Охрид кој е 7 и заостанува 3 бода зад Тиквеш игра дома со третопласираниот Бутел. Атмосферата кај кавадарчани е мошне позитивна и се очекува да дадат максимум и да со победа покажат дека заслужуваат да разигруваат за шампионската титула односно да се борат за место во Европа.

м.в.