МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Црна Река со 7-8 го совлада Арбен Бајрами нагости а Клими славеа во Тетово со 3-6

Викендов заврши првенството во футсал во двете лиги за оваа календарска година. Во првата машка футсал лига се одигра 12 коло во кое беа постигнати следниве резултати: Шкупи - Железарец 5-0, Карадаку - Јувентус Серава 9-6, Велес-Шкендија 9-6, Енхалон - КМФ Проект 5-8. Црна Река му гостуваше на Арбен Барами и во еден израмнет и неизвесен натпревар успеа да слави со 7-8. Шкупи е есенски шампион без пораз со 36 бода а во чекор ги следи актуелниот шампион КМФ Проект СО 33. Црна Река со оваа победа полека тргна кон средината на табелата .Во втората футсал лига се одигра 9 коло. Фудбалерите на Клими со полн план се вратија од гостувањето во Тетово кај незгодниот тим на СЕЕ Университи каде славеа со 3-6. Мал Ајакс во дербито загуби дома од Конзулисо 2-5 а во второто дерби Форца со 4-3 го совлада Астибо. Овче Поле загуби од лидерот Кеги Моби со 4-7 а Црешово Топче ја забележа првата победа сезонава на теренот на Кардашлк со 1-6. Натпреварот Велешта - СФК Проект не се одигра Велешта се дисквалификувани поради два неодиграни натпревари.Есенски шампион со 22 бода е Кеги Моби пред Форца и Конзули кои имаат по 21, а Клими на четвртото место има 19.

М.В.

viber_image_2021-12-27_13-38-26-069