Злато и две сребра за Будо од Кавадрци на „К-1 трофејот на Ниш“

Кик бокс клубот Будо од Кавадарци продолжува со успесите на меѓународен план. Освоен е еден златен и два сребрени медали на „К-1 трофејот на Ниш“ во Србија.

Конкретно Филип Ризов во категоријата до 57 килограми го освои златниот медал, Јован Костов во категоријата до 69 кг и Александар Захарчев до -63 кг се закитија со сребрени одличја.