МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Неготинчани по цели 20 години се на чекор од враќање во суперлигата

Ракометарите на ГРК Тиквеш ги разочараа љубителите на ракометот од тиквешијата бидејки едноставно како да не знаеја да го победат Бутел и на крај загубија со 27-28. Вардар немаше проблеми со ЕП 2 и славеше со 34-23 а ЕП славеше во Охрид со 21-24. До крајот на суперлигата останаа уште 2 кола во кои продолжува борбата за титулата но и за позицијата број 4. Во плеј аутот Пролет го доби Прилеп со 27-24 а Радовиш загуби од Струга со 22-28.Во прволигашкиот плеј оф екипата на Вардар од Неготино е многу близу да се врати во суперлигата по цели 20 год. Неготинчани славеа со 31-26 против Голден Арт и за пласман во елитата ке им треба победа во претпоследното коло на домашен терен против директниот конкурент Аеродром. Во ова коло се постигнаа следниве резултати: Јехона - Алкалоид 21-46, Работнички - Куманово 23-32 , Драчево - Аеродром 21-30 и Младост - Јуниор КВ 25-29.

М.В.