МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Творци на победата беа голманот Стојаноски со 16 одбрани и Симиќ со 11 погодоци

Ракометните суперлигаши вчера ги одиграа средбите од вонредното 19 коло. Ракометарите на ГРК Тиквеш беа апсолутни фаворити во салата Јасмин каде гостуваше тимот на Скопје. Кавадарчани прв пат поведоа во 10 мин со 3-2 и одтогаш само ја зголемуваа предноста па на полувреме водеа со 16-9. Во вториот дел Тиквеш продолжи да ја зголемува предноста. Во 46 мин домакинот поведе со 25-14 и тука како да застанаа. Гостите со серија од 1-8 во 55 мин стигнаа до 26-22 но поискусните кавадарчани знаеја како да одиграат до крај и славеа со 31-24. На голот на Тиквеш блесна Стојаноски со 16 одбрани а централна фигура и најефикасен на теренот беше Симиќ со 11 погодоци. Кондев и Јанчев додадоа по 5. Кај гостите најефикасен беше Василевски со 9 погодоци. Дарко Кондев како да се претплати за убави потези па средбата ја заврши со спектакуларен гол со шрауба во скок во последната секунда.Во останатите средби се постигнаа следниве резултати: Eурофарм Пелистер 2 – Струга 32-26, Пролет – Радовиш 30-23 и во дербито Бутел - Еурофарм Пелистер 21-23. Средбата Прилеп - Вардар се игра денес а под знак прашалник е натпреварот Металург – Охрид.

м.в.

666