Ракометарите на ГРК Тиквеш го пречекуваат скопски Вардар
Во 21 коло кај ракометните суперлигаши на програмата се неколку супер интересни средби. Екипата на Пролет во обидот да обезбеди плеј оф има тешка задача бидејки нагости им доаѓа Еурофарм Пелистер. Истото важи и за Охрид кој ке има тешко гостување во Прилеп. Струга игра со Скопје а Еурофарм Пелистер 2 со Радовиш. Средбата Бутел – Металург нема да се игра а кавадаречката спортска јавност со нетрпение го очекува спектаклот наречен Вардар. Во недела од 19 часот кавадарчани го пречекуваат фаворитот и ке се обидат да одиграат на највисоко можно ниво. Ракометарите очекуваат полни трибини и помош од публиката.И прволигашите ке го одиграат редовното 14 коло. Во групата А лидерот Вардар од Неготино е слободен а во останатите дуели се среќаваат Младост – Драчево, Партизан – Работнички, Борец – Преспа и Јехона – Шампион. Во групата Б паровите се : Голден Арт – Кичево, Алкалоид – Текстилец, Јуниор КВ – Аеродром, Металург РА – Астраион и Македонија ЃП – Куманово.
м.в.