МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

КАКО КЕ СЕ ИГРА ВО НАРЕДНИТЕ ДВЕ СЕЗОНИ, КОЛКУ ЕКИПИ КЕ БРОИ СУПЕРЛИГАТА, КЕ ИМА ЛИ МЛАДИНСКИ КАТЕГОРИИ И КОЛКАВ КЕ БИДЕ БРОЈОТ НА СТРАНЦИ ?

Ракометната федерација на Македонија донесе одлука за тоа како ке изгледа системот на натпреварување во ракометната суперлига за следните две сезони. Според оваа одлука годинава опстанок ќе обезбедат прво и второпласираната екипа од плеј-аутот додека третопласираната екипа ќе игра бараж со второпласирана од прволигашкиот плеј-оф, додека шампионот во Првата лига ќе обезбеди директно учество во суперлигашкото друштво. Од следната сезона и сехалигашите ќе играат и во регуларниот дел од сезоната во Суперлигата која треба да брои 12 екипи. Значи натпреварите во сезоната 2021/2022 во првиот регуларен дел ке се играат по системот дома-гости или 2 пати по 11 кола - вкупно 22 кола.

По завршувањето на овие 22 кола, екипите кои ке се пласираат од 1 до 6 место ке играат плеј оф а оние од 7 до 12 место ке играат во плеј аут групата. Двете групи ке одиграат уште по 10 нови кола по системот дома-гости 2 пати по 5 кола. Екипите кои ке играат во плеј офот ке пренесат и бодови од регуларниот дел и тоа првиот ке пренесе 5 бода,вториот 4,третиот 3,четвртиот 2 петтиот 1 а шестиот нема да пренесе бодови. По ист принцип ист број бодови ке пренесат и екипите кои ке играат во плеј аутот почнувајки од седмото до 12 место. По одигрувањето на сите 10 кола во плеј аутот, првиот и вториот остануваат во суперлигата а третиот ке игра бараж со вториот од првата лига од каде првакот директно влегува во супер лигата. РФМ донесе и одлука за бројот на странски ракометари од сезоната 2022/23, кој ќе биде ограничен на шест, но по две квоти а за сезоната 2021/22 бројката останува на осум странци.

Од сезоната 2022/23 сите суперлигаши ќе имаат обврска да пријават задолжително пионерска екипа во системот на натпреварување, како и кадетска или младинска, или пак и двете. Во сезоната 2022/23, суперлигашкото друштво ке се намали и ќе брои 10 екипи од кои по регуларниот дел шест ќе играат во плеј-оф, додека останатите четири ќе разигруваат за опстанок .

За следната сезона, 2021/22 година, нема да има формирање на Втора лига и сите пријавени екипи ќе играат во првата лига а во зависност од бројот на пријавени екипи ќе се игра во групи.

М.В.