Ракометарите на ГРК Тиквеш во финалето од групата А го чекаат подобриот од дуелот Јуниор Кисела Вода и Вардар
На ракометните терени викендов на програмата се средбите од групната фаза од ракометниот куп на Македонија. Според делегирањето во групата А денеска во салата Круме Кепески во Скопје ке се одигра средбата помеѓу Јуниор КВ и Вардар. Победникот од овој дуел утре, сабота со почеток од 12 ч.во финалето ке се сретне со екипата на ГРК Тиквеш. Кавадарчани требаше да играат полуфинале со Металург но поради состојбата на тимот од автокоманда тие се откажаа па Тиквеш ке игра директно во финалето од групата А. Во групата Б вчера Бутел го совлада Скопје со 25-20 и мирно ке го чека финалето во кое ке се сретне со подобриот од денешниот дуел помеѓу Струга и Аеродром. Утре се играат полуфиналните дуели во групата В. Прволигашот Драчево игра со Охрид а во вториот дуел уште еден прволигаш тимот на Алкалоид ке игра со фаворитот Еурофарм Пелистер. Во групата Г еден прволигаш ке се обиде да им ги расипе сметките на трите суперлигаши. Утре се играат полуфиналните дуели во кои ке се сретнат Пролет и Еурофарм Пелистер 2а воо вториот дуел Прилеп ке се сретне со амбициозниот прволигаш Голден Арт. Четирите победници на групите ќе обезбедат пласман на Фајнл Фор турнирот што ќе се игра на 14/15 мај 2022 година.
М.В.