МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Кавадаречките ракометари нема да го бранат првото место освоено лани бидејки ке бидат во Охрид

Прилепчани ја продолжуваат ракометната традиција и ова лето ќе го организираат меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“. Годинава ќе се одржи седмото издание на турнирот посветен на прилепската легенда со учество на шест екипи, кои ќе бидат поделени во две групи. На турнирот покрај домаќинот РК Прилеп, ќе играат уште три екипи од Македонија и тоа Струга, Скопје и новиот прволигаш Мулти Есенс односно вториот тим на Алкалоид, како и две екипи од странство – Дубочица од Лесковац, Србија и ПАОК од Солун, Грција. Турнирот ќе се игра три дена, од 26 до 28 август. Првите два дена ќе бидат одиграни натпреварите по групи, додека на последниот ден ќе се игра за пласман.Минатата година турнирот го освои екипата на Тиквеш од Кавадарци која нема да може да го брани првото место освоено лани бидејки во истиот термин ке учесствува на турнир во Охрид.

М.В.