КОНЕЧНО ГИМНАСТИКАТА ГИ ДОБИ СООДВЕТНИТЕ ПРОТОКОЛИ ЗА РАБОТА
Заради пандемијата со коронавирусот и соодветните протоколи гимнастиката во градот досега стагнираше. Убави вести стигнаа од клубот за гимнастички спортови „Партизан Срни“ кои конечно ке стартуваат со редовната работа. Имено утре, сабота 6-ти Март од 15:00 часот клубот ке врши уписи во спортската сала „Партизан“. Затоа сите членови е потребно да ги информираат тренерите дали ке продолжат да другаруваат со овој спорт за да можат да се формираат групите.За време на тренинзите ќе се следат сите протокли и заштитни мерки пропишани од Федерацијата на гимнастичарски спортови. При влез во салата ќе се мери температура и ќе се врши дезинфекција а присуството на родителите е забрането заради пандемијата
м.в.