МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

ПРЕТСТАВНИЦИ ОД ЏУДО КЛУБОТ КОЖУВЧАНКА КЕ ПОСЕТАТ НЕКОЛКУ СЕМЕЈСТВА ОД СОЦИЈАЛНО РАНЛИВИТЕ КАТЕГОРИИ

28 октомври е светски ден на џудото кој се прославува по повод раѓањето на основачот на џудо спортот , Џигоро Кано (28.10.1860 - 04.05.1938). По тој повод во целиот свет со пригодни настани се одбележува овој ден како Светски ден на џудото. Секоја година Џудо Клубот „Кожувчанка“ овој ден го одбележува со спортски демонстрации на овој спорт на градскиот плоштад, но годинава заради пандемијата со КОВИД 19, клубот овој значаен настан ке го одбележи според препораките на Светската Џудо Федерација под мотото „Заедно сме посилни“. Под ова мото и заради пандемијата со корона вирусот, ЏК „Кожувчанка“ донесе одлука денот да го одбележи на тој начин што ке посетат неколку семејства од ранливите категории на подрачјето од општина Кавадарци, како и лица со посебни потреби и на истите ке им поделат пакети со прехрамбени производи како и флаери од основањето на ЏК „Кожувчанка“ од Кавадарци.

м.в.

1916755_203253748456_7230016_n 1916755_203253813456_8101642_n