МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Екипата со огнено оружје беше во Скопје а она со воздушно учествуваше на турнир во Прилеп

Изминатиов викенд екипа од СК Кавадарци во состав Горан Илиев, Атанас Танев и Илија Милков зедоа учество на третиот Стрелец Куп со огнено оружје кој се одржа на стрелиштето Камник во Скопје. Кавадаречката екипа во дисциплината 100 метри пушка, лежечки став го освои 4 место. Активни беа и стрелците со воздушно оружје кои зедоа учество на 39-тиот турнир Македонија Опен во организација на СК Херој од Прилеп кој се одржува традиционално во чест на празникот 11 октомври. Лилјана Илиева во категоријата пушка, испука 408,8 кругови и го освои 3 место односно го освои бронзениот медал. Билјана Караѓорѓева во дисциплината пиштол испука 342 круга и го освои 7-то место. По кратка пауза на линијата за гаѓање на стрелиштето се врати и Никола Караѓорѓев кој испука 394 ,8 круга и го освои 8-то место.

viber_image_2022-10-13_10-21-57-039 viber_image_2022-10-13_10-21-57-500 viber_image_2022-10-13_10-22-03-569