МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

КОНЕЧНО КВАЛИТЕТОТ НА КАВАДАРЕЧКИТЕ РАКОМЕТАРИ Е ВАЛОРИЗИРАН

Во рамките на 7 коло од ракометната супер лига група „Б“ ракометарите на „Тиквеш“ конечно ја забележаа првата домашна победа против екипата на „Работнички“. Средбата почна лошо за домашните. Се шутираше од неизградени позиции, брзоплето, додавања напамет, а гостите ја казнуваа секоја грешка и го имаа расположениот голман Ангеловски. Во еден момент „Работнички“ водеше и со 4 гола предност а нервозата беше се поприсутна кај кавадаречките ракометари. Така беше се до 23 минута при резултат 10-11 кога тргна серијата на домашните. До крај на полувремето „Тиквеш“ даде 6 гола а не прими ни еден па на пауза се замина со резултат 16-11. На стартот на вториот дел продолжи серијата на домашните кои постигнаа уште 5 гола без ниеден примен и поведоа со 21-11. До крајот рутински одиграа домашните за конечни 33-21.Да напоменеме дека конечно профункционираа сите позиции и во нападот и во одбраната што може само да го покачи нивото на самодоверба во пресрет на следните дуели. Најефикасен на теренот беше Коцев со 8 погодоци,Симиќ и Смиљаниќ додадоа по 6 а Јанчев и Медиќ по 4.

м.в.

https://www.facebook.com/rtkavadarci/videos/723803931557954

https://www.facebook.com/rtkavadarci/videos/353879712496045