Кавадарчани се апсолутни фаворити и со победа на три кола пред крајот ке си го осигураат учеството во завршницата
Уште 4 кола останаа до крај на првиот дел од машката ракометна суперлига. Викендов на програмата е 11 коло кое почнува утре. Во групата А утре ке се сретнат Бутел и Вардар Неготино. Во сабота своите средби ке ги одиграат Охрид и Куманово и во дербито Алкалоид - Вардар Скопје додека во недела ке се сретнат Прилеп и Среуга. Во групата Б утре, петок од 18 часот екипата на ГРК Тиквеш во салата Јасмин ке го пречека тимот на Скопје во натпревар во кој кавадарчани се апсолутни фаворити. Утре ке играат и Радовиш - Еурофарм Пелистер како и Јуниор КВ - Пролет. Во сабота својот натпревар ке го одиграат Еурофарм Пелистер 2 и Голден Арт.
М. В.